Литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар
На 04.01.2015, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи божествена литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското намесништво протоереј Андон Андоноски, ереј Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.